Илјадниците земјотреси, генерално под морското дно, а со мала магнитуда, беа забележани на крајот на јануари меѓу островите Санторини, Аморгос, Иос и Анафи во архипелагот Киклади кој се наоѓа на југоистокот на Егејското море.
Најсилите земјотреси, со магнитуди меѓу 5 и 5,3, не предизвикаа позначајна материјалн штета.
Меѓутоа, властите и жителите беа многу загрижени.
Властите на почетокот на февруари на еден месец прогласија вонредна состојба на Санторини и Аморгос, што доведе до затворање на училиштата.
Експерите велат дека таа област немала толкава сеизмичка активност уште од 1964 година кога почна нивното евидентирање.
Сместено на линијата на судир на африканската и анадолската тектонска плоча, Егејското море е често погодено од земјотреси.
Познат по својата спектакуларна вулканска калдера, Санторини е дел и од „вулкансиот лак“, бидејќи се наоѓа крајот на два поморски вулкана – Неа Камени и Колумбо. Првиот прв пат еруптирање во 1950 година, а вториот уште во 1950 година.
Министерството соопшти дека превентивните мерки ќе останат на сила и ги повика жителите да бидат внимателни, бидејќи постои опасност од лизгање на земјиштето.
Популарната туристичка дестинација, Санторини, пречека 3,4 милиони посетители во 2023 година.
Премиерот Киријакос Мицотакис неодамна најави пакет за поддршка на локалните бизниси и работници на островот, кои на почетокот на годината ги загубија приходите, а поради евакуацијата по земјотресот, доцнат подготовките за новата туристичка сезона, а намален е и бројот на резервации.