Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, ја имаше најбледата партија во кариерата, откако првпат не успеа да се запише во листата на стрелците на еден натпревар, притоа мечот го заврши со само една асистенција за 13 минути минати на терен.
Димитријевиќ на мечот на Олимпија Милано со Анадолу Ефес, не запиша ниту скок, ниту поени, а истиот заврши во корист на турскиот тим со 96:84. За разлика од него, најефикасен на натпреварот беше неговиот соиграч Никола Миротиќ со 29 поени, додека во победничкиот тим се истакна Брајант со 19 коша.
Од друга страна, натурализираниот Македонец Ти-Џеј Шортс е прво име во редовите на Париз, тим кој ја запиша втората победа во Евролига, откако како гостин го изненади Монако со 80:87. Како и на претходните натпревари, повремениот македонски репрезентативец одново беше најдобар на теренот, па мечот во кнежеството го заврши со дабл-дабл ефект од 28 поени и 10 асистенции, а придодаде и четири скокови.