Тиват се спрема за популарниот фестивал “Бисер Јадрана 2025“ на 18 и 19 јули, на Црногорското приморје: учествува и Македонија

65

Црна Гора е позната по своите летни забавно-музички фестивалски фешти, како што беа: „Сунчане скале“ во Херцег Нови и „Пјесма Медитерена“ во Будва. Но, “Бисер Јадрана“ сосема се разликува од нив и претставува нешто ново, бидејќи акцентот го става на Медитеранската поп-забавна и модерната шлагерска музика. Исто така, преку фестивалот, Тиват станува препознатлива туристичко-музичка дестинација привлекувајќи многу туристи од не само од регионот туку и од речиси цела Европа. Затоа и мотото на фестивалот е „Тиват го спојува регионот“. Според организаторите, за фестивалот уште од сега владее огромен интерес на целиот некогашен ЈУ-простор, од Словенија до Македонија.                  

 Дуле МИЌИК (фото:архива-ФБ)

Минатото лето успешно се одржа за првпат, Медитеранскиот забавно-музички фестивал „Бисер Јадрана“ (Бисер на Јадранот) во црногорското летувалиште, атрактивниот Тиват. За ова лето на големо се подготвува второто издание кое, според организаторите ќе се одржува на 18 и 19 јули на „Летната позорница“.

Организаторите објавија и конкурс за новите песни кој е отворен до 14 мај. Композициите треба да се праќаат на  е-маил: [email protected]            во mp-3 формат и во демо-верзијата. Со композицијата потребно е да се приложат биографија, две професионални фотографии на изведувачот, името на авторите на песната: музика, текст и аранжман. Важно е да се остави и контакт-мобилен телефон, поради побрза комуникација.

Инаку, Црна Гора е позната по своите летни забавно-музички фестивалски фешти, како што беа: „Сунчане скале“ во Херцег Нови и „Пјесма Медитерена“ во Будва.            Но, “Бисер Јадрана“ сосема се разликува од нив и претставува нешто ново, бидејќи акцентот го става на Медитеранската поп-забавна и модерната шлагерска музика.

Исто така, преку фестивалот, Тиват станува препознатлива туристичко-музичка дестинација привлекувајќи многу туристи, не само од поранешната Југославија, туку и од речиси цела Европа. Затоа и мотото на фестивалот е „Тиват го спојува регионот“.    Според организаторите, за фестивалот уште од сега владее огромен интерес на целиот некогашен ЈУ-простор, од Словенија до Македонија.

Минатата година под знамето на Македонија во Тиват, учествуваа нашите Мартинијан Кириловски, Ана Петановска, Елена Ристеска, Стефан Петановски, Даниел Кајмакоски и Тамара Тодевска, како и композиторите Григор Копров и Ненад Тодоровски. И сите од нив на свој начин оставија одличен впечаток.

ПР-от на Фестивалот, Господинот Звонимир Недељковиќ за весникот ВЕЧЕР со задоволство кажува дека и летово од фестивалската сцена ќе уживаме во новите прекрасни песни, идни потенцијални хитови. – Фестивалот, според најавите, покрај црногорските, ќе го следат навистина огромен број на акредитирани новинари од Љубљана, преку Загреб, Сараево, Нови Сад и Белград, па се до Скопје. Токму затоа нема причина да не ја покажам својата одушевеност со присуството на медиумите, меѓу кои и значително многу од братската Македонија, изјави Недељковиќ за весникот ВЕЧЕР.

За најдобрите композиции организаторот ќе обезбеди и вредни парични награди во вкупен износ од 12 илјади евра. Тоа е уште еден добар предизвик, кој им ја отвора ширум вратата на Медитеранот и Јадранот, за учеството на пејачите, композиторите и текстописците на овој фестивал, а кој има сериозна амбиција да застане рамо до рамо до италијанскиот „Сан Ремо“, но би кажале и до некогаш (во поранешната држава) многу омилениот хитовски „Сплитски фестивал“.     Најдобро пласиран Македонец, минатата година беше кумановецот Мартинијан Кириловски, кој го освои одличното 4. место од вкупно 25 натпреварувачи, а пеејќи ја песната „Змај“, за која како автори се потпишуваат познатите Елена Ристеска и Ненад Тодоровски. Мартинијан е веќе докажано име на македонската поп-сцена. Го знаеме и како многу успешен учесник во балканското ТВ-шоу „Ѕвездите на Гранд“, а често настапува и како специјален гостин на значајните концерти на мега Балкански естрадни ѕвезди. И не само тоа. Македонија го препознава Мартинијан и по неговите хуманитарни активности. Дали и ова лето Мартинијан ќе биде еден од учесниците на „Бисерот на Јадранот“, останува да видиме. Нема сомнеж дека тој тоа го посакува.  

ИЗДВОЕНИ