Тинејџерка испила азотна киселина среде час во училиште во Обреновац!

276

Ученичка од Земјоделско-хемиското училиште во Обреновац, Србија, утрово за време на наставата испила азотна киселина.

Шеснаесетгодишната средношколка е примена во Детската болница во Тиршова и моментално е во стабилна состојба, дознава „Телеграф.рс“. Таа наводно има повреди на хранопроводот и стомакот.

Според информациите од надлежното обвинителство, Основното јавно обвинителство во Обреновац, нареди полицијата да изврши увид во училишната управа за да се утврдат сите околности кои довеле до тоа девојчето да испило азотна киселина на сред час.