ТИНЕЈЏЕР ГО УБИЛ ЦЕЛОТО СВОЕ СЕМЕЈСТВO: Пукал на нив во алкохолизирана состојба, сам ѝ се предал на полицијата

109

Полицијата уапси 16-годишно момче во врска со убиството на четворица членови на неговото семејство во рурална област во американската сојузна држава Ново Мексико, соопштија денеска властите.

Според полицијата, жртвите биле застрелани во нивниот дом во областа Валенсија, пренесе АП.

Името на уапсениот тинејџер не се соопштува бидејќи тој е малолетник.

Мртов пијан извршил кривично дело
Портпаролот на полицијата Реј Вилсон изјави дека осомничениот бил во многу алкохолизирана состојба и бил пренесен во болница на детоксикација.

Откако ќе биде пуштен од болница, тој ќе биде предаден во центар за малолетници и ќе биде обвинет за четири точки за убиство, рече Вилсон.

Самиот се предаде
Според властите, момчето во ноќта меѓу саботата и неделата повикало полиција и кажало дека го убил целото семејство.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, осомничениот излегол од куќата со кренати раце и се предал без отпор.

Полицајците пронашле четири тела и пиштол на кујнската маса во куќата, јави АП.