Голем пожар синоќа избувна во фабриката ФАМ во Крушевац. За подметнување на пожарот се осомничени двајца петнаесетгодишници и еден четиринаесетгодишник.
Припадниците на МВР во Крушевац против тројцата ќе поднесат кривична пријава до Вишото јавно обвинителство во Крушевац, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело предизвикување општа опасност, по соопштение од Министерството за внатрешни работи.
Тие се сомничат дека вчера околу 18 часот и 30 минути предизвикале пожар во монтажните објекти на старата фабрика ФАМ во Крушевац, кој се проширил и на другите делови од фабриката, а потоа го снимиле со мобилен телефон.
View this post on Instagram