Тина Тарнер повторно живна – со „изгубениот“ хит „Hot For You, Baby“

13

И по нејзината смрт….Песната „Hot For You, Baby“, снимена за легендарниот албум на Тина Тарнер, “Private Dancer“, во 1984, деновиве првпат беше емитувана на Би-би-си Радио 2, откако долго време се претпоставуваше дека песната е некаде изгубена. Оригиналната верзија требаше да се најде на албумот на Тина, но песната била отстранета за да се даде предност на другите песни кои го обликуваа новата ера во кариерата на Тарнер.

“Private Dancer” го означи триумфалниот кам-бек на Тина Тарнер, кој ја вивна во суперѕвезда и ја претстави кај уште помасовна генерација на обожаватели. Албумот, кој излезе во мај 1984 година, беше вистински почеток на „втор живот“ на Тина, во музичката индустрија.

По разводот со проблематичниот Ајк Тарнер, Тина се соочи со мачен период. Без долари и со финансиски долгови, таа настапуваше во скромни кабаре-шоуа, само за да преживее. Но, благодарение на поддршката на обожавателите и неколку значајни соработки, вклучително и настап со Род Стјуарт, во 1981 година и покана од The Rolling Stones за нивната турнеја во САД, таа успеа да ја заживее својата замрена и заборавена кариера.

Откривањето на песната „Hot For You, Baby“ додава уште едно парче во мозаикот на нејзиното револуционерно музичко творештво. Тоа ја стави Тина во вечниот календар на музичките легенди и по нејзината смрт.  За неа и денес се зборува дека тешкиот емотивен живот со Ајк, самоубиствата на синовите, оставиле длабока трага врз нејзината психичка состојба. Воопшто во приватниот живот никогаш не беше расположена, единствено на сцената.                                                                            Со ноќи не спиеше и во мислите водеше ментална борба со ѓаволите. Тина, така ги нарекуваше своите тешки психички растројства. Измачена, болна, а тоа се гледаше и на нејзиното лице, со збрчкана кожа, не сакаше никаде да се појавува, никој да не ја фотографира. Тивко тагуваше, сè до самата смрт.

 

ИЗДВОЕНИ