Кошаркарскиот клуб Џокер од Сомбор, во чија сопственост е најдобриот српски кошаркар, Никола Јокиќ, реши да ја напушти АБА 2 лигата на сред сезона.

Српскиот клуб ја донесе оваа шокантна одлука откако обезбеди пласман во Топ 8 фазата од натпреварувањето, како првопласирана екипа во својата група, во која беше и македонскиот претставник Пелистер. Тука, во оваа група беа и Подгорица и Широки Бријег.

-Им благодариме на клубовите од АБА лигата и АБА Лига 2 за нивната професионална, фер и коректна соработка, поради вонредните околности што го спречуваат клубот КК Џокер да се натпреварува до крајот на сезоната. Џокер го извести раководството на АБА лигата со официјален допис, испратен на 9 јануари. Клубот објави дека е принуден да се повлече од понатамошното учество во АБА 2 лигата во сезоната 2024/25, се вели во соопштението на лигата.

Во согласност со официјалните правила на ФИБА и прописите на АБА-лигата, сите натпревари на Џокер од првата фаза на натпреварувањето ќе бидат регистрирани со официјален резултат 20:0 во корист на нивните противници.

Веќе се формирани групите во втората фаза од натпреварувањето, а на местото на Џокер ќе се приклучи тимот на Подгорица Бемакс.

ИЗДВОЕНИ