„ТикТок“ доби тужби за наштетување на менталното здравје на децата од 14 американски држави

19

Обвинителите во 14 американски држави поднесоа тужби против ТикТок, обвинувајќи ја социјалната мрежа за наштетување на менталното здравје на младите корисници и собирање лични податоци без дозвола.

Конкретно, тие ја обвинуваат платформата за „користење зависни карактеристики за да ги охрабри корисниците да останат подолго на таа мрежа, што има негативни последици по нивното ментално здравје“, се вели во заедничката изјава.

Обвинителите посочуваат, меѓу другото, на известувањата кои постојано се појавуваат, систематска низа видеа едно по друго или содржина наменета да привлече внимание.

Портпаролот на „ТикТок“ изјави за AFP дека тие не се согласуваат со наводите и дека многу од нив се чини дека се лажни.

Групата се пофали дека поставила солиден систем за заштита на младите корисници и потсетува дека додаде други бариери, како што е автоматско поставување за под 16 години.

Така, овие корисници автоматски се спречени да ја користат платформата или се обезбедува содржината што ја објавуваат да не се појавува во видео-стримот на непознат корисник.

Групата го изрази своето разочарување од одлуката да оди на суд наместо да се работи со неа на конструктивни решенија за предизвиците за кои рече дека и се поставуваат на целата индустрија.

Покрај Калифорнија и државата Њујорк, обвинители од Илиноис, Кентаки, Масачусетс, Мисисипи, Њу Џерси, Северна Каролина, Луизијана, округот Колумбија (каде главен град е Вашингтон), Орегон, Јужна Каролина, Вермонт и државата на Вашингтон се приклучи.

Слични напори веќе се преземени од државите Јута, Небраска, Канзас, Њу Хемпшир, Ајова и Арканзас.

Тексас, исто така, излезе на суд минатата недела против „ТикТок“, филијала на кинеската група Byte Dance, обвинувајќи ја за продажба на лични податоци на малолетни корисници.

На почетокот на август, американското Министерство за правда ја обвини социјалната мрежа „ТикТок“ за истото.

Во јуни, Американската агенција за заштита на потрошувачите (FTC) му посочи на Министерството за правда дека можеби имало прекршување на законот наречен COPPA (Закон за заштита на приватноста на децата преку Интернет) усвоен во 1998 година.