Тијана: Имам плантажа со ореви, веќе тешко се заработува од пеењето во Србија

1195

Македонската поп-пејачка со белградска адреса на живеење!                                  Пејачката Тијана Дапчевиќ, поранешна Тодевска, не крие дека е генерално задоволна од својата пејачка кариера, но само во Србија, каде што е мажена и каде што живее. Сепак, ситуацијата на српската естрада последнава една година не е така веќе розова како што мислат луѓето во Македонија.

– Во Скопје, а често сум во Македонија, ми се моите најблиски, татко ми, мајка ми, сестра ми и сите мои пријатели. Тие веднаш почнуваат да ми зборуваат за тоа како треба да бидам среќна, затоа што заработувам мошне добро на српската естрада.      На македонската е невозможно тоа.

Тоа се предрасуди, луѓето живеат во заблуда дека имам некое дрво во Белград, пред зградата, каде што долните лисје се, всушност, со по 20 евра, со по 50 евра се малку погоре и дека на самиот врв се виолетовите, од по 200 евра. Мојот народ мисли дека така ги собирам парите. Тоа е само заблуда – вели Тијана, која, поради лошата заработувачка на српската естрада, почна нов бизнис со својот сопруг, Милан.         Имаат плантажа со ореви, од чија продажба успеваат одлично и чесно да се „нафатираат“ секоја сезона.   Д.М.

ИЗДВОЕНИ