Тајгер Вудс, можеби, е најдобриот голф-играч на сите времиња, но дефинитивно и експерт за уништување бракови и врски.

Важи за еден од најголемите заводници во светот на спортот. Имаше огромен број жени покрај себе, имаше познати и помалку познати, едноставно не избираше. Сигурно најпозната меѓу нив е познатата скијачка Линдзи Вон.

Американецот имаше и две порноактерки покрај себе, Холи Сампсон и Девон Џејмс. Покрај нив, имаше и хостеси, манекенки, менаџерки, студентки, спортистки…

Во еден момент, реши да се ожени. Тој се вљуби во атрактивната Швеѓанка Елин Нордегрен, со која има две деца. Но, и тоа не го смири. Во текот на бракот ја изневери дури 121 пат. И покрај тоа, таа му го спасила животот во една ситуација. Претходно го бркала низ куќата со палка за голф, бидејќи на неговиот телефон нашла пораки со друга жена. Успеал да побегне од куќата, влегол во автомобилот и излетал со голема брзина. Елин на крајот го спасила со тоа што се јавила на 911, сама го скршила стаклото и му помогнала да излезе од искршениот автомобил.

Му прости сè и сешто, но не можеше да го поднесе изневерувањето со 21-годишната ќерка на нивниот прв сосед. Таа реши да се разведе од него и му зеде цело богатство. Судската одлука го осиромаши за околу 350 милиони долари.

Вудс правеше сè за да ја врати, не за парите, но тој воз одамна замина. Извори блиски до него велат дека никогаш не закрепнал од таа разделба.