Тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус, изрази загриженост за иднината на Евролигата.

Сè повеќе се зборува за доаѓањето на НБА во Европа, а се вели дека Фенербахче е еден од тимовите од кои се очекува да бидат лидери на проектот.

  • Целосно ја поддржувам Евролигата, но таа во моментов е во застој. Многу сум загрижен за Евролигата, бидејќи другите, како ФИБА или НБА, не треба да прават ништо. Тие само гледаат како Евролигата си пука во нога самата себеси. Нема единство, нема ништо. Евролигата мора да се крене што е можно поскоро, бидејќи целото уништување доаѓа однатре, истакна Јасикевичиус.

Некогаш беше голема ѕвезда во европската кошарка, а среќата ја проба и во НБА, па се врати во Европа и практично продолжи таму каде што застана. Сега е тренер во Евролигата, а пред Фенербахче успешно ги водеше Барселона и Жалгирис, така што најдобро е запознаен со квалитетите на големите лиги/

Пред неколку дена, извршниот директор на НБА, Адам Силвер повторно зборуваше за евентуално ново натпреварување во Европа, кое на лик треба да биде како НБА лигата.

  • Сè е на маса. Треба да го искористиме потенцијалот на постојните клубови, да создадеме одржливо натпреварување и да вклучиме голем број земји, порача Силвер пред неколку дена.

 

 

ИЗДВОЕНИ