Новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига се уште не започна, а веќе бевме сведоци на еден голем инцидент кој се случи на подготвителниот натпревар помеѓу ТФТ Скопје и Чаир 2030. Имено, натпреварот во СРЦ „Кале“ не го дочека својот крај, откако во третата четвртина дојде до физичка пресметка меѓу домашните кошаркари и гостинските навивачи.

Поради сето ова реагираа и од Федерацијата, па на крајот, двата тима си добија соодветни казни од комесарот Александар Милојевиќ.

Се започна по вербална расправија меѓу двата тима, а ескалираше со тепачка меѓу капитенот на домаќините Едис Нури и навивачите на гостите. Така, ТФТ како домаќин е олеснет за 30.000 денари и наредните две средби ќе ги игра пред празни трибини поради слаба организавија. Нури е санкциониран со два натпревари, додека пак Наумовски поради фрлање на предмет кон публиката ќе паузира еден меч.

Од друга страна Чаир ќе плати 48.000 денари поради физички напад од срана на нивните симпатизери над противничката екипа, а воедно ќе игра и три натпревари без публика. Исто така е казнет и помошниот тренер на чаирчани Исмаили со едем меч поради напуштање на теренот за игра во ситуација која води кон тепачка.

Казна заработи и делегатот на оваа средба, Антонио Теофиловски, кој доби забрана за вршење на должноста на две средби поради „несовесно и неуредно извршување на дложноста“.