Тежок судар на воз на крајниот север на Русија – една жена загина, најмалку 14 лица се повредени

16
Фото:принтскрин Х

Во Мурманскиот регион, на крајниот север на Русија, денеска патнички воз се судри со товарен воз при што се повредени најмалку 14 лица, од кои три потешко. Инцидентот се случил на железничката станица Књажаја, околу 1.200 километри северно од Москва, пренесува Индекс.хр.

Во патничкиот воз кој се движел кон Санкт Петербург имало 326 патници, а судирот бил предизвикан од излетување од шините на осум вагони. По несреќата сообраќајот бил целосно блокиран.

 

 

Гувернерот на регионот Мурманск, Андреј Чибис изјави дека се испратени автобуси за евакуација на патниците од блокираните вагони. Повредените патници се пренесени во блиските болници, а три лица кои се здобиле со тешки телесни повреди во моментов се под интензивна медицинска нега.

Според извештаите што ги пренесува ТАСС, судирот би можел да биде резултат на дефект на товарниот воз. Други извори велат дека се разгледува и можноста за човечка грешка и технички проблеми, а во фокусот на истрагата е и тешкото зимско време.

Руските власти во моментов спроведуваат детална истрага за да ја утврдат точната причина за несреќата. Состојбата дополнително ја влошува и лошите временски услови во регионот, кои можат да влијаат на безбедноста на железничкиот сообраќај.

Ова е еден од посериозните железнички инциденти во Русија во последно време, а властите продолжуваат со напорите за обезбедување на безбедноста на преостанатите патници и расчистување на местото на несреќата.