Тројца повредени е билансот од сообраќајната несреќа што попладнево се случи во скопската населба Автокоманда, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во сообраќајката учествувале три возила, од кои едното се преврте на кров, а воедно сообраќајот на булеварот „Александар Македонски“ беше блокиран.

  • Има три повредени лица. Дел од повредените се префрлени во болница, информираат од МВР.