Тешко повреден маж во напад со нож во Берлин, полицијата трага по сторителот

106

Маж е тешко повреден во напад со нож во центарот на Берлин, а полицијата трага по сторителот.

Нападот се случил околу 18 часот на северната страна на големиот споменик на жртвите на холокаустот, спроти американската амбасада, објави Тагешпигел.

Полицијата ја опколи локацијата во центарот на градот и во тек е увид. Берлинската полиција соопшти дека мажот бил повреден од остар предмет и бил пренесен во болница од страна на противпожарната служба.

Портпаролот на полицијата изјави дека е започната голема полициска акција во потрага по осомничениот.

ИЗДВОЕНИ