Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, зборуваше на прес-конференција пред полуфиналето во шпанскиот Суперкуп против Мајорка. Натпреварот во Саудиска Арабија е денеска, 9 јануари, од 20:00 часот.
-Постојано велам дека е тешко да се биде Винисиус. Санкцијата не е правилна, прокоментира италијанскиот стручњак за суспензијата на Бразилецот од два натпревари поради црвениот картон против Валенсија.
Тој го коментираше и новиот формат на Суперкупот каде има директни пенали по нерешен резултат и без продолженија.
-Малку се промени форматот. Планираме да одиграме добар натпревар. Секој натпревар има свои проблеми и тешкотии. Смирен сум. Тимот одлично приоѓа на ваков тип на натпревари. Нема да имаме проблеми со односот. Нашата динамика е добра, сподели уште Карло Анчелоти.