Тешките денови се зад неа: Кејт Мидлтон се појави на балетска претстава/ФОТО

10
Instagram the_princess__of_wales

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, изненадувачки се појави на балетската претстава на Жизел во театарот Садлерс Велс во северен Лондон, додека таа продолжува да закрепнува од рак.

На социјалната мрежа Икс, таа ја опиша претставата како „потресна и инспиративна“, и дека продукцијата на претставата е „креативност во најдобро издание“.

Посетата доаѓа откако Кејт одржа состанок во замокот Виндзор претходно оваа недела за да разговара за нејзината годишна служба на божиќни песни, пишува Sky News.

Принцезата од Велс претходно изјави дека „со нетрпение чека да се врати на работа“ и да преземе „уште неколку јавни ангажмани“ во наредните месеци.

Кејт Мидлтон имаше операција на абдоменот во јануари, а во март потврди дека после таа операција се пронајдени преканцерозни клетки и дека ќе мора да оди на превентивна хемотерапија.

На почетокот на септември, таа објави дека завршила со хемотерапијата во лично видео, на кое се прикажани нејзиниот сопруг принцот Вилијам и нивните три деца.