Тешки времиња за љубителите на чоколадо: Најомилениот производител ги крева цените

24

Дојдоа тешки времиња за љубителите на чоколадо. Многу производители ги зголемуваат цените, а сега им се придружува особено популарниот бренд – Милка.

Големите малопродажни синџири како Aldi, Edeka, Kaufland, Reve и Rosmann оваа недела нудат Milkа барови во класична големина по цена од 1,99 евра, наместо досегашните 1,49 евра, покажува анализата на порталот за споредба на цени Smhaggle, пренесува Германска новинска агенција (dpa).

Во продавниците на некои други трговци на мало, сè уште можете да купите разни видови на овој производител по речиси нормални цени. Регионално, цените може да варираат, на пример, поради промоции и попусти, пишува списанието Fenix.

Производителот на Милка, компанијата Монделез, засега не сакаше да ги коментира поскапувањата. Последен пат Милка чоколадото поскапе во малопродажба минатото лето, за околу 10 проценти.

Чоколадите од други производители, како Ritter Sport, веќе значително поскапеа минатата година. Lindt & Sprüngli исто така ги зголеми цените и планира уште едно поскапување во текот на годината.

Производителите се жалат на лошата реколта и на последиците од климатските промени. На почетокот на 2024 година цената на зрната какао достигна рекордна вредност.

„Има недостиг на какао на светските пазари, што ги зголемува цените“, вели Керстин Вебер, експерт во Светскиот фонд за природата (WWF).

Екстремните временски услови како што се долготрајните суши, обилните дождови или поплавите ги намалија приносите, влијаеја на квалитетот или целосно ги уништија посевите.

На многу места, какаовите дрвја се исто така нападнати од болести. Вебер очекува цените да останат високи во текот на годината.

Чоколадото е во просек за 14,6 отсто поскапо во декември отколку во истиот месец од 2023 година, покажуваат податоците на Федералното биро за статистика. Цените растат и во претходните години.

ИЗДВОЕНИ