
Голманот на шпанската ракометна репрезентација Гонзало Перез де Варгас се здоби со тешка повреда на коленото во победата на неговата Барселона над Бидасоа со 32:30.
Неизвесниот дуел во кој Барса мораше да се мачи да обезбеди нови бодови, на крајот го имаше своето финале во повредата на одличниот голман, кој се очекува да добие конечна дијагноза деновиве. Најверојатно се работи за повреда на вкрстените лигаменти, а како што стојат работите, тој нема уште долго да биде на ракометниот терен.
Варгас од следната сезона ќе го носи дресот на германскиот бундеслигаш Кил каде ќе ја дели минутажата на голот со Германецот Андреас Волф.