Тешка несреќа во Турција: Се преврте туристички автобус, шест лица загинаа, 25 се повредени

125
Фото: X

Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени при превртување на туристички автобус во Аксарај, Турција.

Туристичкиот автобус од непозната причина се превртел на локацијата Аципинар на автопатот Аксарај – Анкара. На местото на настанот се испратени бројни возила на брза помош, полиција и пожарникари.

Гувернерот на провинцијата Мехмет Али Кумбузоглу изјави дека туристичкиот автобус превезувал патници од западната провинција Баликесир до регионот Кападокија, популарна туристичка дестинација во централна Турција.

„Повредените се итно пренесени во болница. Покрената е истрага за несреќата“, рече тој.