Екипата на Оклахома го доби Сан Антонио со 146:132, со кој остана на врвот на табелата во Западната конференција, но овој дуел ќе остане запаметен по тепачката на кошаркарите на двата тима.

Имено, на крајот од третата четвртина, дојде до голема тепачка во која учрствуваа речиси сите играчи од двете НБА екипи. Додека Сохан забиваше во кошот на Оклахома, дојде до тепачка помеѓу Џулијан Шампејн (Сан Антонио) и Кенрих Вилијамс (Оклахома), кои претходно беа во дуел. Во обид да се ослободи од упорниот Вилијамс, Шампејн го удри со лакт противничкиот кошаркар, по што настана хаос на теренот.

За среќа, останатите кошаркари и тренерите на двата тима се вклучија и успеаја да прекинат поголем хаос. На крајот, по прегледувањето на видеото, судиите решија да ги исфрлат од игра Вилијамс, Шампејн и Дорт (Оклахома), додека Сохан доби и техничка грешка, но остана на теренот.

ИЗДВОЕНИ