Агентот на францускиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, Тео Хернандез, се обиде да стави крај на сите дилеми кога е во прашање иднината на офанзивниот леб бек. И покрај шпекулациите дека има проблем со тренерот Паоло Фонсека и дека е желба на неколку европски гиганти, агентот на Тео изјави дека Французинот сака и во следните неколку години да престојува на „Сан Сиро“.