Италијанскиот калчо гигант Милан успеа во намерата да ја продолжи соработката со офанзивниот лев бек, Тео Хернандез. Како што пренесуваат италијанските медиуми во следните неколку дена францускиот интернационалец ќе потпише нов договор со „росонерите“ кој ќе биде со важност до 2029 година и кој ќе му гарантира годишна плата од 6.5 мил. евра.