Тензично пред кочанската болница: Родители не даваат телата на нивните деца да се носат на обдукција

160
Foto: Printscreen

Дел од родителите кои ги загубија своите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани не даваат безживотните тела на нивните блиски да бидат однесени во Скопје на обдукција.

Во Општата болница во Кочани пристигнаа триесетина возила од погребни претпријатија и од Армијата на Република Македонија и тие треба да ги транспортираат телата на загинатите.

Како што пренесува Дојче веле, атмосферата пред кочанската болница е исклучително тензична. Огорчените родители кои во пожарот ги изгубија своите најблиски не дозволуваат телата да бидат однесени за дополнителна обдукција во Скопје, барајќи веднаш да им бидат предадени за да можат да ги подготват погребите.

Во пожарот што избувна изминатата ноќ во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 59 лица на возраст од 14 до 25 години.

ИЗДВОЕНИ