Тензично на судењето на Трамп: Порно актерката ја опиша средбата со поранешниот претседател на САД во неговиот стан

362

Поранешната порно актерка Сторми Даниелс денеска сведочеше на судењето на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Таа рече дека го посетила Трамп во неговиот пентхаус, каде што имале секс. Како што изјавила, откако излегла од бањата, се исплашила кога го видела Трамп во боксерки.

„Потоа почувствував како собата да се врти во забавено движење и почувствував дека крвта во основа ми ги напушта рацете и нозете, речиси како кога стануваш премногу брзо. Намерата е прилично јасна ако некој се соблече до долната облека на креветот“, изјави таа пред поротата.

Трамп, како што тврди таа, застанал меѓу неа и вратата, но „не на застрашувачки начин“.

Даниелс додала дека не се сеќава што се случило потоа, пренесува Гардијан.

Таа изјавила дека не се сеќава како дошло до сексуалниот однос, но додала дека не била под дејство на алкохол или дрога. Таа сведочеше дека потоа рацете и се треселе додека се обидувала да ги облече чевлите, а поранешниот претседател и рекол дека наскоро треба повторно да се сретнат.

Даниелс тврдела и дека рекла дека Меланија Трамп е убава, на што Доналд и рекол да не се грижи, бидејќи тие дури и не спијат во иста соба.

На актерката (45), чие вистинско име е Стефани Клифорд, на крајот на претседателската кампања во 2016 година ѝ исплатиле 130.000 долари за да молчи за наводен сексуален однос со Доналд Трамп во 2006 година.

Станува збор за долгоочекуваната пресметка на поранешниот претседател на САД и порно-ѕвезда која тврди дека имале секс, јавија американските медиуми.
Обвинителите велат дека Трамп ги прикрил информациите за исплата од 130.000 долари кои на Даниелс ѝ ги исплатил неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен пред претседателските избори во 2016 година.

Коен претходно изјави дека Трамп му наредил да ѝ плати на Даниелс за таа да не зборува за сексуалниот однос со Трамп од 2006 година.