Тенисот е еден од спортовите во кои правилата ретко се менуваат. Еден од оние кои повикаа на корекции во „белиот спорт“ е фудбалерот Жерар Пике, кој сака промена кога е во прашање сервисот.
Жерар Пике влезе во тенисот преку својата компанија „Космос Груп“ и ја презеде организацијата на Дејвис купот и воведе големи промени.
Неговите реформи поттикнаа жестоки дискусии и иако Космос потпиша 25-годишен договор за управување со ова престижно екипно натпреварување, Меѓународната тениска федерација (ИТФ) ненадејно ја прекина соработката на почетокот на 2023 година.
Проектот брзо пропадна, доживеа фијаско, покрај финансиските несогласувања, новиот формат што го воведе Космос никогаш не ги воодушеви ниту играчите, ниту љубителите на тенисот, а Пике повторно е за промени.
- Зошто има двоен сервис во тенисот? Тоа се дополнителни 30 секунди гледање како тенисерот ја тапка топката. Луѓето не сакаат да го гледаат тоа. Зошто да не го смените правилото? Нека биде модел со златена бод. Тенисот треба да еволуира и да се прилагоди на моменталната брзина на светот и да ги привлече младите луѓе, особено оние кои гледаат „HBO“ и „Netflix“, изјави Пике.