Во лето месо се јаде помалку, но она што најчесто го избираме како замена може сериозно да го загрози здравјето на срцето, особено ако е погрешно подготвено.
Летото доаѓа наскоро, а со тоа и поинаква диета. Тогаш е природно да јадеме помалку тешка храна, но тоа не значи дека се храниме поздраво.
Наместо говедско и свинско, многумина избираат пилешко, но најчесто во најлошата можна форма – пржено и полно со масло.
Ова, предупредуваат лекарите, доведува до сериозни проблеми со срцето, особено ако овој тип на диета често се повторува.
Д-р Бета Абрамсон, кардиолог во болницата Сент Мајкл во Торонто и копретседател на Работната група за хипертензија, наведува пет клучни промени што можете да ги направите веднаш, без да го жртвувате вкусот.
Пилешко наместо црвено месо
Наместо говедско и свинско, кои ги оптоваруваат крвните садови, изберете пилешко бело месо.
-Можете да го сомелете и да направите колачи кои ќе имаат ист вкус како плескавиците, но без штетно влијание врз срцето – вели докторката.
Печете наместо да пржите
Прженото пилешко е вкусен порок, но е и темпирана бомба за срцето. Месото наместо да се пржи, печете го во рерна со минимално масло. Премачкајте го со лесен прелив за салата и валкајте го во презла без јајца.
Проблемот не е пилешкото, туку начинот на кој го подготвуваме. Во лето го избираме она што ни изгледа лесно, но често паѓаме во замката да пржиме, да посолеме и да го јадеме со разни сосови и бел леб. Малите промени можат да значат живот – буквално, пренесува „The Sun“.
Помфритот не го пржете, печете го
– Треба да се обидете да ги намалите грицките кои се богати со заситени масти. Сепак, тоа не значи дека треба целосно да ги исклучите грицките. Само изберете поздрави грицки, како свежо овошје и зеленчук и печен компир, вели кардиологот.
Не печете го тостот на путер
Овој сладок, крцкав тост е најдобар кога традиционално се пржи на путер, но сепак може да биде богат со заситени масти.
– Не грижете се, сепак можете да уживате во парче француски тост. Се што треба да направите е да го потопите лебот во мешавина од јајца и обезмастено млеко и да го ставите во рерна да се пече наместо да го пржите“, вели таа.
Сладоледот заменете го со замрзнат јогурт
Идејата засекогаш да се збогуваме со сладоледот може да преплаши многумина. Сепак, според Абрамс, замрзнатиот јогурт како десерт ќе ги замени сите оние кутии со вкусен десерт во кои уживате, можеби дури и секој ден. Исто така, замрзнатиот јогурт има помалку масти, што значи дека ќе консумирате помалку холестерол.