Температурна инверзија во Македонија: Многу магла и многу ладно по котлините, на другите места многу потопло

104

Температурната инверзија продожува и денес во нашата Македонија, односно по котлините, особено оние во Пелагонија, Полошкиот регион, како и котлините во Повардарието е магливо и многу поладно, за разлика од повисоките, планинските места и Скијачките центри, каде е значително потопло, без појава на магла и со променлива облачност, но и со сончеви периоди, прогнозира метеорологот Попоски.

Најладно попладнево беше во Битола и во Прилеп, во Прилеп беа измерени -1 степен, а во Битола 0 степени, Тетово 2 степени а во котлините во Повардарието температурите се движат околу 5 степени.

ИЗДВОЕНИ