Температурите во наредните денови до +15 степени, но не за долго!

205

Српскиот меорологот аматер Марко Чубрило секојдневно ги ажурира податоците за временските услови во Србија и на Балканот, па така за наредните денови најавува потопло време.

„После 23 јануари времето ќе биде променливо облачно, но релативно топло, можно е дожд околу петок и сабота. До околу 2 февруари ќе се задржи релативно топло, околу 31 јануари максималните локално ќе се искачат до 15 Целзиусови степени. По 2 февруари има услови за зладување, но во овој момент не може со сигурност да се знае дали и колку всушност ќе биде заладувањето“, вели Чубрило.

Инаку, времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во југоисточните од северозападен правец. Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со појава на утринска магла понекаде во котлините. Утринските температури ќе бидат претежно околу нулата, а дневните температури во делови од земјата ќе надминуваат 10 степени.

Објавена е првата голема прогноза за пролетта: Какво време може да очекуваме?

ИЗДВОЕНИ