Под влијание на Руски поларен, но сув воздух, од среда 19 февруари, па во деновите потоа ќе имаме разведрување на времето, како и исклучително ниски температури на воздухот, особено наутро кога тие насекаде ќе се спуштаат под нулата, а на повеќе места тие ќе се спуштаат до близу, па и под -10 степени, додека во Беровскиот регион, на повисоките населени места, планините, како и на Скијачките центри, тие ќе се спуштат до, па и под -15 степени, вели во последната прогноза Славчо Попоски.
Преку денот пак исто така ќе биде ладно, кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 7/8 степени во југоисточните предели од нашата Република Македонија.
Што се однесува до Скопскиот регион, со овој поларен Руски бран, наутро температурите ќе се спуштаат до околу -7/-8 степени, а преку ден тие ќе се искачуваат до околу 5/6 степени.
Токму поради овој продор на Рускиот поларен воздух кај нас, насекаде ќе имаме појава на силен мраз, особено во ноќните и во утринските часови, вели Попоски.