Темелна реконструкција на паркот наспроти општината

51

Општина Кисела Вода продолжува со посветено и континуирано инвестирање во унапредување на јавниот простор и квалитетот на животот на нашите граѓани. Оттаму известуваат дека е започната целосна реконструкција на паркот кој се наоѓа наспроти општината.

-На овој простор, поставуваме ново детско катче со 12 реквизити на површина од 400 квадратни метри. Старото и дотраено кое не беше во функција го заменуваме со ново и модерно, за непречена игра на нашите најмали жители – истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Тој информираше дека реконструкцијата го опфаќа и кошаркарското игралиште кое се наоѓа во рамките на самиот парк па така, жителите од овој дел на општината ќе имаат можност да спортуваат на нов модерен терен.

Паркот добива и нова урбана опрема, зеленило, кои ќе нуди совршен амбиент за сите посетители.

Ѓорѓиевски нагласи дека за скоро време, граѓаните од овој дел на Кисела Вода ќе добијат катче каде ќе можат да се сретнат, да одморат, да се рекреираат или едноставно да уживаат на отворено.