Телата на киднапираните Израелци Одед Лифшиц и браќата Ариел и Кфир Бибас беа идентификувани откако Хамас ги предаде нивните тела на Израел. Сепак, женското тело испратено од групата не е мајка на киднапираните момчиња, Шири Силберман Бибас, соопшти израелската војска (ИДФ).
Специјалистите од Институтот за судска медицина не можеа да го идентификуваат четвртото тело, соопшти ИД, според Тајмс оф Израел. Војската соопшти дека Хамас „сериозно го прекршил“ договорот за прекин на огнот со овој потег, бидејќи групата има обврска да ги врати телата на четворица мртви заложници.
„Го молиме Хамас да ja врати Шири и сите наши заложници. „Ние сочувствуваме со семејството Бибас во овој тежок момент и ќе продолжиме да вложуваме максимални напори за да ги вратиме Шири и сите заложници што е можно поскоро“, се вели во соопштението на ИДФ.
На церемонијата организирана од Хамас во четвртокот наутро, еден од четирите ковчези беше означен како телото на Шири Бибас, со нејзината фотографија и име на хебрејски и арапски, како и датумот на нејзиното киднапирање – 7 октомври 2023 година.