Светот минатата недела се шокираше од веста дека познатиот летонски кошаркар Јанис Тима се самоуби во Москва. Тима, наводно, си го одзел животот поради разводот со пејачката Ана Седокова, а по трагедијата што се случи пред седум дена, неговото тело сè уште стои во мртовечница.

Според вестите кои пристигнаа од Летонија, телото на Јанис Тима уште долго ќе биде во Русија и се поставува прашање кога ќе се одржи погребот, а сето тоа поради бизарна причина – бирократија. Никој не знае каде е пасошот на поранешниот латвиски репрезентативец, а пред некој да го подигне телото ќе треба да се собере целата документација.

Претпоставката од летонските медиуми е дека никој од семејството не сака да се огласи додека не завршат документите и никој од семејството нема да седне да разговара со неговата поранешна сопруга Ана Седокова.

Изминативе денови се пишуваше дека Ана ќе ги плати сите погребни останки за својот поранешен сопруг, но документацијата очигледно прави сериозни проблеми. Тој гест од страна на Ана изненади многумина, имајќи на ум дека нивната врска неодамна се распадна и дека Јанис пред неговата смрт ѝ оставил вознемирувачка проштална порака на Украинката со руско потекло. Тој ѝ пишал дека ќе изврши самоубиство на денот на нејзиниот роденден, што на крајот и го стори.

Инаку, Јанис Тима е поранешен репрезентативец на Летонија, кој кариерата ја започна во Рига, а настапуваше и за многубројни клубови во Европа како Олимпијакос, Басконија, Химки и Уникс. Беше драфтуван и во НБА, каде што играше во летната лига за Орландо, но не доби договор.