Телефонски разговор Трамп – Путин, и тоа многу брзо?!

344

Кремљ не исклучува дека по разговорите меѓу САД и Украина во Џеда, доколку има потреба, ќе има телефонски разговор меѓу претседателите на Руската Федерација и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп. И тоа ќе се организира многу брзо, изјави на брифинг Дмитриј Песков, прес-секретар на претседателот на Руската Федерација, пренесува ТАСС.

„Достапните канали за дијалог со Американците овозможуваат да се организира разговор за прилично кратко време“, рече портпаролот на Кремљ.

Во Џеда, Саудиска Арабија, на 11 март се одржаа преговори меѓу делегациите од САД и Украина. Тие траеја околу 9,5 часа. По разговорите, на веб-страницата на Володимир Зеленски беше објавена заедничка изјава на двете страни, според која Украина е подготвена да го прифати предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот, а Вашингтон веднаш ќе ја укине паузата во обезбедувањето разузнавачки информации и ќе продолжи да му помага на Киев.

ИЗДВОЕНИ