Тела на машко и женско лице се пронајдени во резервоар за вештачко ѓубриво во Германија

74

Две тела вчера попладне биле пронајдени во резервоар за ѓубриво во градот Гродиц (област Мајсен), северозападно од Дрезден, пренесува Феникс, објави хрватски Индекс. Според податоците на полицијата, се работи за женско и машко лице. Идентитетот на двете загинати лица се уште не е утврден.

Според локалните весници, резервоарот за ѓубриво припаѓа на фарма во областа Стансберг. Во моментов нема индиции за насилна смрт. Според портпаролот на полицијата, тоа не се вработени во таа фирма.

„Во моментов нема индиции за странска вмешаност, но медицинско-правните анализи се уште се во тек. Резултатите се очекуваат најрано утре“, соопшти полицијата.

Одделот за истрага за убиства во Дрезден го презеде случајот. Околностите за смртта се уште се нејасни, но се претпоставува дека телата биле долго време во резервоарот и случајно биле откриени.

ИЗДВОЕНИ