Кошаркарот Џејсон Тејтум како нов човек пристигна на подготовките на репрезентацијата на САД за Олимписките игри. Не поради новата фризура, туку поради титулата шампион во НБА, која му симна огромен товар од грбот.
- Сто проценти. Бев предмет на многу дискусии или што и да е… Дали може да го води тимот? Дали е играч за стартната петорка? Претпоставувам дека има многу повеќе прашања за кои можам да зборувам, но сега направив нешто што им ги затна устите: Ја освоив титулата, иако очигледно има уште некои приказни или кои може да се зборува. Тие секогаш се осврнуваат на шампионот во НБА, изјави Тејтум.
Тејтум ги предводеше Бостон Селтикс до нивната прва титула од 2008 година со импресивни 64 победи во регуларниот дел од