Речиси 200 европски културни институции, главно театри, испратија апел до Европскиот парламент „итно да дејствува против нападот на уметничката слобода“.
Апелот наречен „Отпор сега: Слободна култура“ го потпишаа раководителите на институции лоцирани во повеќето земји членки на Европската унија, но и во други земји кои не се членки.
Во Франција, потписниците управуваат, меѓу другото, со театарскиот фестивал во Авињон, оперите во Лион, Лил, Стразбур и Монпеље. Потписници се и претставници на различни театри од други градови.
Свесни сме дека еден од принципите на Европската Унија е да не се меша во внатрешната културна политика на нејзините земји-членки, но бараме од вас итно да дејствувате во рамките на Европскиот парламент и конечно да заземете јасен став“, се наведува во апелот.
Тие наведоа примери на драстични буџетски ограничувања за културата, особено за настапи во живо, закони или владини иницијативи кои ја ограничуваат слободата на изразување, како и екстремно десничарски притисок за претставување на одредени делови од културата.
„Гледаме алармантно ширење на самоцензура, страв и депресија меѓу уметниците и институциите. Самото постоење на европската култура, во нејзината различност, денес е доведено во прашање“, се додава во текстот.