Тажната судбина на Леон Ледерман, генијалецот кој си го продал нобеловиот медал за да се лекува

211

Ледерман ја добил нобеловата награда во 1988 година за откривање на  субатомската честичка мионски неутрон. Тажниот дел од приказната за големиот научник е оној во кој тој бил принуден да си ја продаде нобеловата награда за да ги покрие огромните трошоци за лекување. Малку пред 90-тиот роденден, во 2011 година му била дијагностицирана деменција, па му се натрупале големи трошоци за лекување што го принудиле во 2015 година за 765 илјади долари на онлајн аукција да го продаде својот нобелов медал.

 

На малкумина на планетава името Леон Ледерман им значи нешто, иако човекот со тоа име многу придонел за човештвото. Ледерман бил генијален физичар, научник заслужен за откривањето на субатомската честичка мионски неутрон, за што ја добил Нобеловата награда за физика во 1988 година.

Овој експериментален физичар веќе шест години не е меѓу живите, а она по што од време на време најчесто го споменуваат медиумите не се неговите големи достигнувања, туку неговата тажна субина и трагичната смрт.

Леон Ледерман, кој го вбројуваат меѓу најголемите умови на денешнината е роден на 15 јули 1922 година во Њујорк, во семејство на украински Евреи, емигранти од Одеса и Киев. Како млад учествувал во Втората светска војна, а по демобилизацијата во 1946 година студирал на Универзитетот Колумбија, каде што докторирал во 1951 година. Мионскиот неутрон го открил многу пред да ја добие најголемата награда – во 1962 година. За него рекол дека е еден од трите „вкусови“ на неутронот, покрај електронскиот и тау „вкусот“. Тој е автор на книгата „Божја честичка“ во која пишува за Хигсовиот бозон, кој нобеловецот Питер Хигс го претствил како нешто со што се објаснува настанокот на материјата  по Големата експлозија.

Во 1977 година, Ледерман ја водел групата Фермилаб која го откри длабинскиот кварк, една од елементарните честички што ја сочинуваат материјата. Во неговата биографија стои и дека во 1991 година станал претседател на АААС (Американска асоцијација за унапредување на науката), едно од најголемите здруженија од овој тип во светот, кое е и издавач на списанието „Наука

-Тој даде извонреден придонес во нашето разбирање на основните сили и на честичките на природата, појасни Мајкл Тарнер, професор на Универзитетот во Чикаго, пренесува НИН.

Ледерман почина неодамна, пред само шест години, на 96 годишна возраст, во дом за стари лица во Ајдахо каде што се преселил со сопругата по совет на докторите дека треба да живее во мирна средина.  Веста за неговата смрт ја објавија неколку медиуми, но она што го привлече вниманието на читателите не беше делото на нобеловецот, туку неговата тажна судбина.

Тажниот дел од приказната за големиот научник е оној во кој тој бил принуден да си ја продаде нобеловата награда за да ги покрие огромните трошоци за лекување за кое биле потребни брдо пари. Малку пред 90-тиот роденден, во 2011 година му била дијагностицирана деменција, па му се натрупале големи трошоци за лекување што го принудиле во 2015 година за 765 илјади долари на онлајн аукција да го продаде својот нобелов медал. По аукцијата сопругата на Ледерман изјавила дека тој уживал во Нобеловата награда, но и дека „чувствувал дека е време да го има некој друг, кој ја дели неговата љубов кон науката, кој го цени она што го постигнал и дека се надева дека продажбата на медалот ќе ја подигне свеста за важноста на физиката.“

„Приказната за Ледерман на многу начини го претставува најдоброто и најлошото за Америка.“ „Сите знаеме за неправдите на нашиот систем за финансирање на здравствената заштита кои негативно влијаат на оние со скромни или скудни средства, но нобеловец?“ „ Но, дури и успешен физичар и универзитетски професор не е имун на цените до небо на американската здравствена заштита. Можеме подобро од тоа, во корист на сите.“ се само дел од коментарите на авторите на новинарските текстови и на нивните читатели по објавата за смртта на Ледерман.

Инаку, нобиеловиот медал на Леон Ледерман не е првиот продаден на аукција, но е прв кој бил отуѓен од мака и за толку малку пари. Во 2014 за рекордни 4,7 милиони долари бил продаден медалот на нобеловецот Џим Вотсон, но потоа му бил вратен. Истата година наследниците на Карлос Саведра Ламас, добитник на Нобеловата награда за мир во 1936 година, го продале неговиот медалот за 1,1 милион долари. Една година претходно за 2,2 милиони долари бил продаден медалот што Френсис Крик го добил за решавање на проблемот со структурата на ДНК.