Тажно, но вистинито! Татко од БиХ ја продал својата малолетна ќерка за „голф 2“

614

Присилните бракови на малолетници, како и нивната „продажба“, за жал се уште е појава во Босна и Херцеговина.

Повеќето од нив се сиромашни заедници, семејства кои живеат на работ на егзистенција и ранливи и дискриминирани членови на општеството.

Случаите кои укажуваат на итноста на социјалната реакција кога станува збор за принудните бракови во БиХ се многубројни, а девојчињата се продаваат преку договорени бракови за сума и до 8.000 евра.

Мирсада Бајрамовиќ, експерт за детска заштита од Тузла, за порталот Вести.ба, вели дека во пракса веќе се среќавале со голем број малолетнички бракови.

„Некои од најекстремните се дека 12-годишно девојче беше продадено за „голф 2“ преку овој таканаречен малолетнички брак. Имавме и случај кога девојчето за жал беше продадено за 800 евра. Цени за девојчиња преку овие договорени бракови се движат од 300 до 8.000 евра“, вели Мирсада Бајрамовиќ.

Александра Марин Диклиќ од Народниот правобранител за човекови права на БиХ посочи дека законодавната рамка во Босна и Херцеговина, особено во Федерацијата БиХ, бара итни промени со цел да се подобри заштитата на малолетниците.

Таа укажа на важноста од усогласување на кривичното законодавство на Федерацијата Босна и Херцеговина со меѓународните стандарди, како што е Конвенцијата Ланзарот, која веќе е имплементирана во Република Српска.

Покрај образовниот систем, мора да бидат вклучени и безбедносните структури, полицијата и центрите за ментално здравје“, потенцира Марин Диклиќ за порталот.

ИЗДВОЕНИ