Две недели откако почина ракометниот тренер Александар Јовиќ, македонскиот ракомет остана без уште едно познато име – Илија Темелковски, кој вчера почина во Скопје, јави порталот „24 Ракомет.“
Човекот кој беше една од легендите на РК Пролет, и кој имаше удел во најголемите успеси на македонскиот машки ракомет. Популарниот Ико долги години беше дел од репрезентацијата, но исто така активен и на клупски план.
Тој беше тренерот низ чии раце помина играчката генерација што потоа ги имаше најголемите успеси, а секако еден од најголемите е четвртото место на младинската репрезентацијата во 2002 година.
Најмногу работеше во младите и зад себе ги има ЕП 2000 во Атина, ЕП 2002 во Полска… па сè до последниот голем успех, СП У21 во Алжир во 2017 година. На сите тие големи натпреварувања, Ико беше дел од репрезентацијата. Беше дел и од СП 2009 година кога Македонија го најави доаѓањето на светската ракометна сцена.