Од скопската ЗОО денеска објавија на нивната официјална фб страница дека за жал, угинала јагуарката Инес, која во длабока старост не ја издржала битката со најлошата болест.
Изминатиот период заедно со Факултетот за ветеринарна медицина направиме се што може за подобрување на благосостојбата на јагуарката и олеснување на здравствените проблеми преку стручни прегледи, анализи и компјутерска томографија до лекување на оваа страшна болест која одзема милиони жртви годишно, како кај луѓето, така и кај животните.
Јагуарката Инес имаше 22 години, а просечниот животен век на овие величествени мачки во природата е од 12-15 години, додека во зоолошките градини најстарите животни доживуваат до 23 години, стои во објавата на ЗОО Скопје.
„Искрено ќе фалиш на целиот тим на ЗОО Скопје и зоонегувателите кои со години се грижеа за тебе. Беше една од највозрасните жители на зоолошката и чувана со многу љубов“, објави тимот.