„Психички не сум сигурен колку можам, но сакам да дадам исказ. Од неколку главни причини, пред се заради Вања бидејќи тука во судницата беа изнесени ноторни невистини и сакам да порачам дека тато е истиот тој човек што го виде пред 4 декември и оттогаш навака сум претставуван во спротивно светло од она што сум“, рече Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања на денешното рочиште за убиствата на неговата ќерка и Панче Жежовски.
„Решив да ги потиснам емоциите да го дадам овој исказ да соберам сила за сите оние што страдаат со мене, но и за оние што не ме познаваат да ја кажам мојата страна на приказната дека немам апсолутно никаква инволвирност со овие луѓе за кои приметив дека ниту чувствуваат вина ниту покајување и демонстрират гнев и разочарување од така наречениот цар. Одново и одново со секое рочиште слушам што му правеле на моето дете: кој имал задача да ја грабнува, врзува, трескале во гепеци и вреќи психички и вршеле тортура, се обидувале да ги замачкаат доказите. И да успеале во тоа, бог знае уште колку убиства ќе направеле. За себе сметам дека дадов голем придонес во истрагата. Исто и контактите на Гоце Трајковски“, рече Александар во судницата.
На Ѓорчевски му се суди за помагање во грабнувањето на неговата ќерка, која беше свирепо убиена на 27 ноември 2023 година. (П.А.)