Обвинителката го испрашува обвинетиот Александар Ѓорчевски. Му поставува прашања за неговиот живот од минатото, односно зошто тој не работел туку ги чувал децата? На што Ѓорчевски одговори дека сопругата заработувала повеќе, а имале негативно искуство со жената која ги чувала, на помалата ќерка му давала седативи за да биде мирна. Потоа го прашува за неговата младост, а Александар испровоциран од ваквите прашања рече дека не бил од секогаш навлечен на девијантно однесување како во периодот кога бил зависник од дрога. Напротив заедно со Радмила Шеќеринска биле генијалци во петто одделение, а подоцна револтиран од тоа што татко му заминал во полска по работа станува бунтовен тинејџер.
Обвинителство: На 27-11-2023 Вања треба да оди сама на првиот час, а Миња од вториот сте знаеле од неделата?
Александар: Да меѓутоа не беше на 26 беше и ден претходно постои конверзација меѓу мене и Зорица каде тоа го дискутираме.
Обвинителство: И пишавте да се облечат убаво како за на планина за што ги подготвувате?
Александар: Личи на мене затоа што тоа утро беше студено и познавајќи ги децата дека нема да ме послушаат и пратив на Зорица да ги наговори да се облечат топло а не во ски комбинезони како што прејудицирате. Тие беа тинејџерки и изгледот им беше поважен од здравјето и воопшто не не слушаа како родители.
Обвинителство: Ако сте биле совесен како што велите зошто не ги однесовте со кола?
Александар: помислив на тоа, но Зорица имаше став дека треба да престнеме да ги размазуваме. Кога помислив да ги носам целосно имав заборавено дека Миња е од втор час.
Плаче додека зборува
Обвинителство: Рековте дека утрото ви се јави Зорица дека ја нема Вања и вие веднаш сте се облекле, за вас е својствено да биде поспор и не е својствено да функционирате така брзо од сабајле?
Александар: Не знам од каде ви е таквиот заклучок, можеби од многу обврски со децата сум доцнел. Откако Зорица презема половина одговорност за нив никогаш не сум доцнел. Што се однесува до сабајлето и гол да се симнев пред зграда немаше да биде чудно.
Обвинителство: Отидовте без да кажете со роднината во болница?
Погрешно го поставувате прашањето, Зорица знаеше за моето движење телефоните постојано ни ѕвонеа. Зорица знаеше дека ќе одам со братучедот да ја барам по болниците.
Александар: Откако ја завршивме потрагата по болниците, најблиска е границата Блаце бидејќи претходно добив информација дека ќе се проверуваат возила на премините. Вие и денес можете да дадете наредба на безбеден град и да го добиете моето движење цела недела претходно. Зошто не ја продолживте за десет секунди снимката да видите дека се враќам назад кај Палас. Оваа информација ви е од мене јас дури и побарав детектор за лаги. Се надевав дека некој што ја грабнал ќе ја пушти ќе се предомисли. Пресудно беше да се вратам кога родителите предложија да се гледаат камерите и тоа беше пресудно да се вратам.
Не сакам пауза мора да се заврши вели Александар
Обвинителство: Зошто не го предложивте братучедот како сведок?
Александар: Исто како што и вие не ги обезбедивте камерите од воена болница да видите дека одам кај него.
Обвинителство: Сте имале сценарио дека е киднапирана? Нели е чудно.
Александар: И јас се прашувам но во моментот кога и се исклучува телефонот и скршнување од патот до школо дека наведуваат дека не е по нејзина воља и тоа со Зорица го констатиравме во 7.47 мин кога пријавивме во полиција и ги замоли колешките да објават дека ни е исчезната. Полицијата градеа профил на семејството колку имот имаме колку коли зошто префрлила стан на мое име и се чувствуваше дека се сомневаат во мене.
Обвинителство: Зошто кога ги гледавте снимките со сведокот Гоце токму цитроенот ви падна во очи?
Александар: Затоа што се движеше побавно од другите возила прозорците беа замаглени времето се совпаѓаше со исчезнувањето на вања димеше од ауспухот. Се сомневаме и во едно бело комбе. Правевме скрин шот и ги праќавме во сејф сити.
Обвинителство: Како вашиот пријател што работи во сејф сити не ги известил надлежните туку вас?
Александар: Ако не ги испратев снимките денеска ќе се расправаше само за убиството на Панче, бидејќи полициската истрага немаше напредок.