
Флојд Мејведер Јуниор е еден од најголемите боксери на сите времиња. Во професионалниот бокс постигна рекорд од 50 победи без пораз, а вкупниот скор му е 53 победи и едно реми. Исто така, пред професионалната кариера, се натпреваруваше на аматерски натпревари, каде што оствари 84 победи и осум порази, а во текот на кариерата заработи над 146.000.000 долари.
Сепак, неговиот живот бил далеку од розов. Тој израснал во екстремна сиромаштија, а неговиот детски живот бил жив пекол. Неговиот татко, Флојд Мејведер Постариот, исто така бил боксер, но и дилер на дрога, кој завршил во затвор пет и пол години. Во тој период, неговата сопруга, мајката на Флојд Јуниор, станала зависна од хероин, па центарот за социјална помош го испратил да живее кај својата баба, каде што пораснал.
Флојд Мејведер Јуниор успеа да се издигне над сиромаштијата и да изгради боксерска кариера што вечно ќе се памети. Тој вложи голем дел од парите во недвижен имот. Има многу куќи, од кои продаде една за 22.000.000 долари.
Сега, Флојд Мејведер Јуниор живее во куќа во Лас Вегас вредна 12.000.000 долари.
Мејведер поседува уште еден имот, кој се наоѓа во Беверли Хилс, вреди 48.000.000 долари и кој го стави на продажба во септември минатата година.