Официјално е поништен резултатот на руската атлетичарка Татјана Томашова, во финалната трка на 1.500 метри на Олимписките игри во Лондон, во 2012 година.
Оваа одлука ја соопшти Одделението за спортски интегритет на атлетика (АИУ).
Со ова се потврди одлуката на Судот за спортска арбитража (ЦАС) од септември, кој ја суспендираше Томашова на десет години поради прекршување на антидопинг правилата на Олимписките игри и ѝ го одзеде бронзениот медал.
Споменатата трка е опишана како „највалкана“ во историјата, бидејќи Русинката е петтата атлетичарка, од вкупно 13 кои настапија во финалето, која е суспендирана поради кршење на антидопинг правилата.
На трката во Лондон победи Турчинката Асли Чакир Алптекин пред нејзината сонародничка Гамза Булут, но и двете потоа беа суспендирани поради допинг, па Бахреинката Марјам Јусуф Џамал, која заврши трета, на крајот го освои златото.
По дисквалификацијата на Томашова, среброто ѝ припадна на Етиопјанката Абебе Арегава, а бронзата на Американката Шенон Роубери, која ја заврши трката само шеста.