Ташко е роден брат на Благоја Грујовски! Тоа сигурно не знате!

190

– Бев вљубен во спортот во фудбалот. Но, тогаш како тинејџер имав здравствени проблеми, останав подолг период во болница, па кога се вратив дома саксофонот ми се виде како омилен инструмент. После песната “Туѓино јабано“ на новинарството и радиото им кажав збогум! Искрено, не се кајам поради таа одлука, вели расположениот Благоја Грујовски за весникот ВЕЧЕР.                                                                                             

Нема таков кој не паѓа “на теме“ кога ќе дознае дека мегапопуларниот македонски пејач Благоја Грујовски има роден брат. Да, тоа е жива вистина! Кога заедно ќе ги погледнете, првиот впечаток е дека ни најмалку физички не лилат еден на друг. А, станува збор за музичарот Ташко Грујовски, кој е еден од најдобрите контрабасисти, тамбураши и композитори во Македонија. Можеби не е популарен како Благоја и не се личат со Благоја, но Ташко заслужено му припаѓа на нашиот музички свет. Една од најновите успешни и слушани песни под која Ташко се потпишува е „Пријателе мој“. Песната ја пее брат му Благоја заедно со колегата-пејачот Гоце Пејковски.

Благоја веќе со децении важи за еден од најслушаните наши пејачи, а на естрадата се најде сосема случајно. – Бев вљубен во спортот во фудбалот, вели Благоја за весникот ВЕЧЕР. Но тогаш како тинејџер имав здравствени проблеми, останав подолг период во болница, па кога се вратив дома ми се виде саксофонот како омилен инструмент. И сега на моите настапи понекогаш ќе засвирам на саксофон што е за многумина пријатно изненадување. Тој инструмент го имавме дома. Татко ми Мате не беше саксофонист, беше кларинетист, но ете јас се вљубив во саксофонот.

Инаку, Ташко и Благоја се успешни синови на нашиот многу познат композитор Мате Грујовски. Тој долги години беше уредник и продуцент во тогашната РТВ Скопје подоцежната Македонска РТВ, а  токму тој беше „виновникот“ поради кој Благоја почнаа да пее. – Еден ден многу налутен скоро од дома ќе ме избркаше. Се подготвуваше фолк-фестивалот “Цветници“, а неговата песна “Туѓино јабано“ заедно со групата “Меркалии“ немаше кој да ја пее. Тој што беше планиран, откажа поради добрата турнеја во Австралија кај нашинците во дијаспората. Татко ми со денови запнуваше јас да ја пеам песната, а јас упорно одбивав. Збесна кога ми одбруси:

-Немој да си со сила глуп. Со пеењето многу подобро ќе живееш и ќе уживаш во животот отколку со твоето новинарство! Џабе ти е и факултет, кога не слушаш мои искрени совети. Навистина татко ми беше ифрит лут, ама подоцна се испостави дека беше сосема во право, коментира Благоја за ВЕЧЕР, објаснувајќи ни како станал естрадна ѕвезда. А, таа неговата ѕвезда и понатаму сјае. Последниот голем успех го имаше минатото лето на фестивалот “Охридски трубадури“ кога победи со убавата песна, специфично охридска, “Охрид ноќва не спие“.

-Ми беше многу срам, ептен незгодно од колеги-новинари со кои работев долги години во информативната програма на Македонското радио. Тогаш требаше да направам, нешто сосема поразлично. Да излезам на сцената во големата “Универзална сала“, пред тв-камерите во директен тв-пренос од фестивалот “Цветници“ и да ја отпеам песната, тогаш како дебитант.При тоа не смеев никого да разочарам, а понајмалку татко ми. Најпосле ме убедија, прифатив. “Туѓино јабано“ ја пеев, но имав трема. Разбирливо. Сепак, мразот го скршив, а по таа песна сите врати на естрадата ми беа ширум отворени. Песната стана голем хит и ден денес се пее на секаде. На новинарството и радиото им кажав збогум! Искрено, не се кајам поради таа одлука.

Да се биде добар и читан новинар било каде не само во Македонија и без разлика дали сте политички, спортски или естраден новинар е многу напорно. Бара целосно посветување на работата, целосна комуникација со луѓето, бара истражување, информирање и објективен неутрален пристап. Поискрен да бидам бара и многу храброст.  Знаеме во какво време-невреме живееме. Новинарите се изложени на разни притисоци, а повеќемина од нив најчесто работат за мала плата во неблагодарни околности.

И двата брата Ташко и Благоја се фини фамилијарни луѓе. Без разлика на тоа што Благоја зад себе има еден пропаднат брак. Но има и два златни сина. Едниот син е веќе возрасен, сам се грижи за себе, сам живее и работи, дипломиран е и има 27 години. Другиот е доста помал и треба секојдневно да си му посветен, а тоа Благоја го прави без разлика на обврските.     (Д.М.) фото: архива

 

 

ИЗДВОЕНИ