Откако Агенцијата за катастар на недвижности пред три недели ги намали за 75 проценти цените на своите услуги, се очекуваше тоа да го сторат и приватните геодетски фирми, но тоа не се случи. Приватните геодети и натаму наплатуваат според Тарифникот од февруари годинава кој има „солени“ цени.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски вели дека неговите информации говорат дека геодетските фирми не ни помислуваат да ги намалат цените на своите услуги кон граѓаните. Вели дека не сака да се меша во политиката на Комората на геодети, туку сака единствено да обезбеди брзи, ефикасни и што поевтини услуги за сите корисници.

– Комората на геодети прво треба да предложи и ние да дадеме согласност. Предлогот мора да да биде одобрен од нивна страна, но колку што имам информации, во моментов за такво нешто не ни размислуваат. Ние не би се мешале во таа политика, тоа е политика на Комората на геодети. Нашата визија и цел е да им пружиме на граѓаните и правните лица, на сите наши корисници, брза, ефикасна и што поевтина услуга – напомена директорот.

ИЗДВОЕНИ