Таравари со апел до медиумите: Не објавувајте фотографии и снимки од повредените во нивните најранливи моменти

283

Министерот за здравство, Арбен Таравари, упати апел до медиумите да не објавуваат фотографии и снимки од повредените во нивните најранливи моменти.

„Во овие тешки моменти, наш најголем приоритет е грижата за повредените и поддршката за нивните семејства. Длабоко ја цениме вашата посветеност во информирањето на јавноста и ви благодариме за покажаната солидарност и одговорност.

Сепак, во духот на емпатијата и етичките стандарди, ве молам за почитување на приватноста и достоинството на жртвите.

Објавувањето снимки и фотографии од повредените во нивните најранливи моменти може да предизвика дополнителна болка, не само за нив, туку и за нивните семејства, и да влијае на нивниот процес на закрепнување. Затоа, упатувам искрен апел за одговорно известување, кое ќе стави акцент на поддршката и помошта за оние на кои им е најпотребна. Верувам во вашата професионалност и чувствителност во известувањето за оваа трагедија.

Ви благодарам за разбирањето, соработката и вашата посветеност кон она што е вистински важно, информирањето со почит и емпатија, напиша Таравари.

ИЗДВОЕНИ