Таравари: Сите 118 повредени во пожарот во Кочани се згрижени во болниците во државата, има доволно крвни единици, сите капацитети се ставени во функција

22
Фото:принткрин, Сител

Како што предмалку изјави министерот за здравство Арбен Таравари, пациенти има на Клиниките за хирургија, на КАРИЛ, на клиниката за пластична хирургија, како и на Детска хирургија.

„Нема пациент кој не е сместен и не е хоспитализиран, сите наши капацитети се ставени во функција за да спасиме што повеќе животи. Не сакам да шпекулирам за бројот на критични пациенти“, изјави Таравари.

Тој информира дека засега има доволно резерви на крв, но кажа дека ако има потреба од крвни деривати, тој ќе информира.

„И од соседните држави добивме повици. Засега сме комплетно организирани и нема потреба од странска помош“, додаде тој.

ИЗДВОЕНИ